Коалиција сите за правично судење

Кои сме ние

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ е мрежа составена од 14 граѓански организации: АДИ Гостивар; Здружение за правата на ромите – Штип; ЗПД – Скопје; Меѓаши – Скопје; МОСТ – Скопје; Младински Образовен Форум – Скопје; Спектар – Штип; СППМД – Кавадарци; Месечина – Гостивар; Здружение на Тиквешки Роми – Кавадарци; Избор – Струмица; Младински културен центар – Битола; Ромски едукативен центар АМБРЕЛА – Скопје; Здружение на граѓани МУЛТИКУЛТУРА – Тетово.

Во Коалицијата на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани од Р.Македонија заради следење на судските процеси пред надлежните судови во Р.Македонија, со цел осигурување на загарантираните права за правично судење како е предвидено со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. „Сите за правично судење“ работи на зголемување на јавната свест и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, посочување на потребата и директна работа на можните реформи во судството.

Се залагаме за промоција на владеењето на правото, зголемувањето на практичните знаења на студентите на право, зајакнување на улогата и капацитетите на граѓанските организации и унапредување на човековите права.

Коалицијата „Сите за правично судење“ се залага за еднаков пристап до правдата на сите граѓани на Р.Македонија преку давање на бесплатна правна помош. До крајот на 2014 година, извршивме набљудување на 2230 предмети од кривичното и граѓанско право, за што беа изработени над 18 стручни анализи и извештаи.

Од основањето на Коалицијата и креирањето на мониторинг програмата, во 2015 година се забележани најдобри резултати. Имено во 2015 година извршивме набљудување на вкупно 653 судски предмети при што беа вклучени 63 набљудувачи кои во рамките на тие предмети набљудуваа 1013 рочишта.


Што работиме

Мониторинг на примената на новиот ЗКП

  • Во 2014 год. се спроведе проектот Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеење на правото и стандардите за правично судење.

  • Во 2015 год. продолжи да се имплементира проектот Зајакнување на транспарентноста и независноста на судството преку стручен и нестручен мониторинг.

Борба со корупција - Следење на судски предмети од областа на организиран криминал и корупција

  • Овој проект започна во мај 2007 година кога Коалицијата спроведе Проценка на потребата за развој на програма за набљудување на судските постапки во врска со корупцијата во Р. Македонија, која траеше до крајот на 2007 година.

  • Во јануари 2008 година, Коалицијата започна со Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Р. Македонија

  • Во јануари 2009 година проектот започна со набљудување на овие предмети, постапка која трае и до денес. Од 2009 до 2015 година, беа набљудувани 698 кривични предмети поврзани со корупција, што истата ја доведе до еминентно признавање и препознавање во Р.Македонија.

  • За потребите на оваа програма, во минатите години беа изработени над стручни правни анализи, кои најдоа широка примена во државните и образовни институции.

Програма за поддршка на човековите права

  • Оваа програма започна во 2004 година како резултат од обезбедување на бесплатно правно советување на наводните жртви на тортура и полициско неправилно однесување, кои бараат помош во поднесувањето на официјални жалби преку различни расположливи административни и правни механизми.

  • Во 2015 година започна проектот Доста е од жртви на насилство - Превенција, Пристап, Правна заштита

Што планираме да направиме

  • Да го зголемиме почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови

  • Да ја воспоставиме јавната доверба во правниот систем и судството воопшто

  • Идентификување на наследените проблеми во судскиот систем и укажување на потребата за правна и институционална реформа

  • Да ја информираме јавноста со стандардите за правично судење и да ја засилиме довербата на граѓаните во функционирањето на судскиот систем

  • Едукација на студентите по право

  • Промоција на владеење на прaвoто